Погребан Матеј Периш – еве како беше испратен

ИЗВОРСкопје24
|

Голем број на Сплиќани се собрале денеска пред капелата на тамошните гробишта за последен пат да се поздрават со Матеј Периш, 27-годишно момче од Сплит, кој ноќта пред дочекот на Нова година без трага исчезнал во Белград, во ледената Сава. Младиот Матеј бил погребан денеска нешто пред 12 часот. Покрај неговиот вечен дом има венци и цвеќиња во бела боја.

Матеј бил испратен со песната на Оливер Драгојевиќ „Moj lipi anđele“, ќе почива во ѕидна гробница, во близина на својот најдобар пријател, а на еден од венците пишувало „Те сака твојата наставничка“…

Семејството на трагично настраданиот Периш прво пристигнало во капелата каде примало сочувство од голем број на луѓе кои дошле да го испратат.

Хрватските медиуми потсетуваат дека на истото место на кое Матеј ќе биде погребан, погребан е и неговиот најдобар пријател Ивор Алуниќ, кој трагично го загубил животот на мотоцикл.

Ненад Периш, таткото на Матеј, им се заблагодарил на сите на поддршката која ја добивал во текот на петте месеци потрага по синот и ја замолил јавноста и новинарите погребот да се одржи во кругот на најблиските пријатели и семејството.

„Почитувани новинари и сниматели, уште еднаш ви се заблагодарувам на сочувството и коректното следење на овој случај, но уште еднаш би сакал да ве замолам во овој тежок момент за мене и моето семејство да се воздржите од било какво медиумско покривање на погребот. Знам дека ќе ја сфатите мојата молба и ви се заблагодарувам поради тоа“, напишал Ненад Периш пред погребот.