Млада Месечина во Девица: Што им носи на хороскопските знаци?

|

Младата Месечина е време за манифестирање нови почетоци.

Ако сметате дека нешто ви недостасува, ова е време да замислите желба. Оставете простор за нови почетоци и дозволете си да сонувате.

Оваа млада Месечина ни доаѓа во знакот Девица на 27 август. Девицата е практичен знак па затоа помалку ќе зборуваме, а повеќе ќе делуваме кон остварување на она што го посакуваме.

Што им носи оваа млада Месечина на хороскопските знаци?

Овен

Време е да замолчите и да заземете позиција на набљудувач. Анализирајте го својот живот, своите цели, идеали и соништа и развијте план кој ќе ви помогне да го остварите тоа. Ако сте заинтересирани за унапредување или ново работно место, овој транзит ќе ви помогне да го остварите тоа, но важно е да знаете што сакате.

Бик

Ќе бидете фиксирани на прециозноста, тоа е вашата сила. Како и да е, желбата да достигнете совршеност не е слабост. Вашите соништа постојат и тие се реални, па нема ништо лошо во тоа да замислите желба под светлината на оваа млада Месечина. Погледнете на своите верувања и вредности и насочете се кон остварување на она што ви е најважно.

Близнаци

Кои цели ви лежат скриени во вашето срце? Време е да се навратите на она што ви е најдраго и да му покажете на универзумот што може да ве направи среќни. Вашиот ум е активен и има милион идеи за тоа, вие само треба да ги соберете и да ги замислите.

Рак

За Раковите, важно е да имате идеја и цели, но исто важно е и како го комуницирате тоа. Ова е период на анализа како се одвива вашата комуникација со другите и како сте разбрани од нивна страна. Дали можеби треба да смените нешто за да бидете подобро разбрани?

Лав

Драги Лавови, кога последен пат бевте фокусирани на своите лични финансии? Сосема во ред е ако тоа е последен приоритет за вас, но овој транзит ве повикува да обрнете внимание на овој аспект. Размислете како заработувате и како трошите и кој е балансот меѓу сето тоа.

Девица

Младата Месечина е во вашиот знак, а ова е вашата роденденска сезона. Дајте си љубов и љубезност, онака како што тоа го правите за другите. Направете го најдоброто за себе, но не се плашете од неуспехот. Бидете конзистентни, тоа е клучот за успехот.

Вага

Вие имате толку многу перспективи така што некогаш се губите во процесот. Оваа млада Месечина ве повикува да поминете време сами. Ставете се себеси на прво место и дајте си го вниманието кое ви е потребно.

Шкорпија

За Шкорпиите ова е време на соништа кои носат важна порака. Обрнете внимание на она што го сонувате и поврзете го тоа со тоа како се чувствувате. Бидете си себеси најдобриот пријател и изберете мудро.

Стрелец

Ова е транзит кој ве инспирира да работите на себе. Поврзувањето со личност родена во знакот Шкорпија е добра идеја за вас. Запаметете дека првиот впечаток е многу важен. Но, дајте им и втора шанса на луѓето кои ви пристапуваат. Најдете и време да бидете сами. Во ред е да не одговорите на сите пораки.

Јарец

Сите ние учиме доживотно. Како кардинален знак, вие сте постојано посветени на учењето и растот, а овој транзит ви носи нови знаења. Прифатете дека се менувате и дека некои нешта не се исти. Можеби ќе ви биде непријатно, но патувањето вреди за ваше добро.

Водолија

Позитивните промени можат да дојдат од различни, често неочекувани ситуации. Можеби не уживате во некои ситуации кои прават да се уживате чудно, но отворете го срцето и дозволете си себеси да го оставите зад себе она што е веќе старо и да направите простор за нови почетоци. Наградите доаѓаат за вас.

Риби

Љубовта ви носи убави моменти, драги Риби. Дозволете си да се случат некои тешки разговори кои можеби досега сте ги избегнувале. Тоа е дел од животот, не мора да значи дека секој конфликт е лош и непријатен.