6 чудни постапки на кучињата и што тие значат

ИЗВОРскопје24
|

На многу сопственици на кучиња најубав дел од денот им е кога доаѓаат дома и кога ќе слушнат тропање со шепи по подот. Веруваат дека и нивните миленици се подеднакво водушевени како и тие. Но, што навистина кучињата мислат кога ќе ја отворите вратата и кога ќе ве здогледаат?

За да дојдете до одговорите, прочитајте ги однесувањата накучињата од Julie Hecht, професорка на Универзитетот Duke, опишани во книгата “Генијалноста на кучињата“.

Зошто моето куче е возбудено кога го кажувам зборот “прошетка”?
Кучињата, како и делфините, мајмуните и папагалите, можат да научат различни вокални команди или зборови. Едно куче, од раса border collie, наречено Chaser, може да научи повеќе од 1.000 зборови! Истражувачите велат дека Chaser користи процес на брзо мапирање или заклучување, што е многу слично на тоа како децата учат јазични вештини. Тоа подразбира погодување на значењето на зборовите врз основа на предмети кои се користат во поврзувањето со тој збор. Значи, ако постојано зборувате “прошетка”, а потоа го земате поводникот и го водите кучето на прошетка, тој би можел да го поврзе зборот “прошетка” со нешто што има врска со одење на прошетка.

Зошто моето куче зева во исто време кога зевам и јас?
Исто како и за луѓето, зевањето е “заразно” и за кучињата. Што е уште поважно, кога зевањето ќе “премине” на вашето куче, тоа значи дека тој сочувствува со вас.

Зошто кучињата се вртат на спротивна страна од нас кога се обидуваме да ги прегрнеме?
Психолог кој го набљудувал однесувањето на кучињата открил вознемирувачки тренд врз база на 250 фотографии на кои луѓе гушкаат кучиња – кучињата не биле среќни. Ако кучето се извлекува од вашата прегратка, обидете се да го помилувате по глава или да го почешкате по стомакот, советува Hecht.

Зошто моето куче секогаш ги мириса моите пријатели?
Како и другите животни, кучињата добиваат многу информации за својата околина врз основа на она што тие го мирисаат. Покрај тоа, некои студии покажуваат дека кучињата навистина уживаат во мирисањето на луѓето кои ги знаат, како и своите сопственици. Една неодамнешна студија открила дека мозокот на кучињата го толкува присуството на мирисот на познатата личност како награда.

Зошто кучињата се кријат зад нозете на луѓето?
Ако вашето куче одеднаш се крие зад вас и ѕирка зад вашите нозе само за да провери што се случува, големи се шансите дека се плаши. За разлика од мачките или коњите, кучињата кои се плашат или се загрижени ќе бараат помош и утеха од своите сопственици, исто како што малку постари бебиња бегаат кај своите родители, вели Theresa Fisher.

Зошто кучињата сакаат снег?
Се сеќавате ли кога сте биле мали и не сте можеле да дочекате да скокнете во еден куп свеж снег кој штотуку паднал? Па, кога станува збор за таа прашкаста бела супстанца, “кучињата би можеле да бидат многу слични на нас”, пишува Hecht.