Антониа Гиговска со брилијантен настап ја затвори вечерта на “Пинк ѕвездички – Сите ѕвезди“: Ти си дива!

Последната емсиија и задачата „Весели деведесетти“ со својот настап ја затворила Антониа Гиговска која се претставила со песната „Baby One More Time” од Бритни Спирс. Ова инаку беше последна вечер во која „Пинк ѕвездички – Сите ѕвезди“ пеат песни кои биле големи хитови во последните години на минатиот век, а веќе од следната недела тие ќе се претстават со нова задача.

Антониа оваа ноќ ја затворила на најдобар можен начин и ги заработила сите пет гласови и директно влегла во следниот круг.

„Беше феноменална како и секогаш, ова е феноменален крај на вечерта. Што вели Гоца, Бритни никогаш не пеела вака, ти победи во нашето натпреварување“, рекла Леонтина Вукомановиќ.

„Немам никакви зебелешки. Идејата е во секоја емисија да пееш песна на некоја дива која го обележала тој период. Секогаш ќе можеш да избираш некоја дива бидејќи ти си на тоа ниво. Ти си топ“, рекол Милан Станковиќ.

Доколку не го гледавте настапот на Антониа Гиговска можете да го проследите на видеото подолу: