Апасиев за Талат: Ќе ги викнеш од Антикорупциска на коктелче во Собрание и оп, ќе ти го затворат предметот за син ти

|

Веста дека синот на Талат Џафери, положил правосуден испит пред да дипломира, денес с топ тема во земјава, а со свој коментар и критика се јави и пратеникот Димитар Апасиев, кој е и лидер на Левица. Тој „уд ри“ по Антикорупциска, кои велат дека не можат да отворат предемет.

„Ќе ги викнеш од Антикорупциска на коктелче у Собрание и оп, ќе ти го затворат предметот за син ти ❤️
Ах, тие прекрасни ‘европски вредности’“, вели Апасиев.

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната 75. седница одлучи дека не може да се отвори предмет за случајот со Барлет Џафери, бидејќи Министерството за правда не ја чува документацијата.