Аркан ѝ порачал на Цеца: „Прибери се!“

Цеца Ражнатовиќ ја шокира јавноста со изјавата дека сакала да го напушти пеењето и да биде само сопруга и мајка, но таа фикс-идеја ѝ ја исфрлил од главата покојниот сопруг Жељко Ражнатовиќ-Аркан.

“Имав таква идеја на 20 години, по ‘Кукавица’. Сакав да ја напуштам својата кариера за да бидам сопруга и мајка и комплетно се задлабочив во таа своја блесава теорија. Тој ме погледна и ми кажа: ‘Навистина?! Ти цврсто одлучи?! Те молам, прибери се!“, раскажа Цеца за медиумите.

Оваа информација ја изненади јавноста затоа што во времето додека беа прво во љубовна врска, а потоа и во брак, често кружеа муабети дека Аркан ја малтретира на настапите, терајќи ја да ги пеете песните што тој ги сака, дека ја потстрижил кратко за да ја казни што сакала да го остави… Сепак, за време на шесте години брак, Цеца никогаш не се пожали на сопргот, а по неговата смрт до денес, постојано истакнува дека ја чувал „како принцеза на зрно грашок“.

Балканската мега ѕвезда Цеца не ја крие радоста поради свршувачката на нејзиниот син Вељко со неговата избраничка Богдана Родиќ.

Таа откако ја побараа нејзината рака од семејството и подари скапоцен часовник вреден 10 илјади евра, но очигледно тоа не било се од пејачката.

Цеца се одлучила Богдана и Вељко да ги почести со едно убаво патување кое парот дефинитивно ќе го памети до крајот на животот.

-Ќе ги носам во Мексико на 3 и 4 јануари каде што имам настап, желба ми е да ги почестам со едно убаво патување и првите јануарски студени денови да ги поминат во тропски рај. Ќе ни биде супер, вели Цеца за српските медиуми.