Болдвин го прослави роденденот, сопругата му честиташе: „Повторно би се согласил на се, Алек“

ИЗВОРСкопје24
|

Актерот го прослави својот 64 роденден, па сопругата му посвети објава на социјалните мрежи. Таа ги допре нивните мрачни, најтажни моменти што им ги донесе животот и го охрабри да се вразуми.

Сопругата на актерот Алек Болдвин, Хиларија Болдвин (38) испрати емотивна објава по повод неговиот 64-ти роденден.Таа се осврна на убавите, но и тешките моменти низ кои поминале.

– Одвреме-навреме, во моите најтемни, најтажни моменти, ме прашуваш дали би те оставилa ако пред 11 години, кога те запознав, знаев низ што поминуваме. Низ солзи ми се извинуваш за некои работи што ти ги донесе овој славен живот. Се чувствуваш како да ме врза и ме претвори во неподвижна мета – започна емотивно Хиларија со фотографија на која се гушкаат пред еден куп новинари.