Борко Ристовски имаше убав повод за славење – честитки пристигнуваа од секаде

|

Голманот на Вардар и наш долгогодишен репрезентативец во ракомет, Борко Ристовски имаше убав повод за славење, бидејќи со неговата сопруга Нина, славеа четири години брак.

Тие слават два пати во годината. Еднаш го одбележуваат денот кога се венчаа во матично, а втор пат кога се венчаа во црква и направија голема свадба со многу роднини и пријатели.

„Четири години брак како четириесет. Борко те сакам“, напиша Нина и објави слика од свадбата на Инстаграм. „Додека см*тта не нè раздели“, ѝ одговори голманот.