Британскиот заменик амбасадор во Будимпешта почина од коронавирус на 37 години

ИЗВОРСкопје24
|

Заменик амбасадорот на Велика Британија во Будимпешта Стивен Дик почина од коронавирус, соопшти британското министерство за надворешни работи. 37-годишниот дипломат починал во Унгарија, каде што бил назначен во декември.

Со смртта на Дик, бројката на починати од коронавирус во Унгарија се искачи на 10, според податоците на унгарската влада.

„Стивен беше посветен дипломат и ја претставуваше својата земја со големи вештина и страст. Ќе ни недостасува на сите кои го познававме и работевме со него“, соопшти британското министерство за надворешни работи.