Цената на становите порасна за 20 отсто во изминатите три години и нема да се намали

|

Купување на стан и во услови кога цените на квадратот скокаат како и каматите на кредитите засега е најсигурна инвестиција за македонските граѓани. Се покажува во анализата на консултантската компанија за комерцијални недвижности ФОРТОН.

Просечната цена за метар квадратен станбен простор во Скопје во изминатите три години е зголемена за 20 отсто а во моментов варира во зависност од локацијата и општината од 1.000 до 1.800 евра за квадрат. Според анализата најефтино е во Ѓорче Петров а најскапо во Центар и Карпош.

Поскапувањето на цената се должи за зголемениот трошок при изградба, а експертите сметаат дека е мала веројатноста цената на квадратот да продолжи драстично да расте но и да се намали.

Во последните три години, во Скопје се издадени дозволи за 7.682 станбени единици од кои дури 65 отсто се во општините Карпош и Аеродром.

Изминатата година речиси двојно е зголемен бројот на издадени дозволи за градба на станови во Скопје. Изградени се дури 7.894 стана, непродадени останаа 3.500.

Најголем број дозволи а со тоа и изградени станови се во Гази Баба 2.241 а потоа следи Аеродром каде се изградени 1.441 нов стан.

Анализата покажува дека деловите од Скопје кои порано беа перцепирани како индустриски области сега забрзано се урбанизираат додека индустријата се сели надвор од границите на градот.

Граѓаните лани подигнале 3 милијарди евра во кредити од банките а над 15 отсто од нив, односно секој шести бил станбен кредит.

Во Скопје но и во државата забрзано се гради квалитетен деловен простор на премиум локации а најголем број на купувачи се компаниите од ИТ секторот, додека кога станува збор за трговските центи од ФОРТОН сметаат дека со завршувањето на изгрдабата на четири трговски центри во наредните две години, два во Скопје и два во внатрешноста, ќе се засити пазарот во државата