Дама со стил- Проверете какви летни комбинации носеше ова лето Нина Бадриќ

|

Хрватската пејачка Нина Бадриќ е позната по својот одличен вкус за облека и моден стил кој никогаш не е „премногу“, „ниту премалку“.

Нина Бадриќ отсекогаш била храбра во своите модни избори, но во сите експерименти го задржала својот препознатлив женствен стил од кој не отстапува. Таа во текот на кариерата носеше различни комбинации и секогаш беше трендсетерка во секој момент.
На сцената важи за дама со стил, која секогаш е беспрекорно облечена, а за лето реши да носи долги лелеави фустани во комбинација со капа и прошетки по карпести патеки. Како и нејзините колеги, летото го минува работејќи, но наоѓа време и за поминување покрај синото море.

Долгите фустани се идеална облека за топлите летни денови, кои освен што изгледаат многу убаво, се пријатни и за шетање, разгледување и уживање во топлите летни вечери покрај морето.