Денес се слави Светиот Силвестер, eпископ Римски – Ги поправи обичаите на христијаните

ИЗВОРСкопје24
|

Роден е во Рим. Светската мудрост и верата во Христа ги прими во младоста. Секогаш живееше според евангелските заповеди. Многу се ползуваше од поуките на свештеникот Тимотеј, па гледајќи го примерот на својот храбар  учител се задои со тој дух за цел живот.

Во триесеттата година од животот стана епископ Римски. Ги поправаше обичаите на христијаните. Така, на пример, го укина постот секоја сабота, како што дотогаш се држеше кај некои христијани, и одреди да се пости само на Велика Сабота, како и оние саботи што паѓаат во пости.

Со своите молитви и чуда помогна да се обратат во вистинската вера и да се крстат царот Константин и неговата мајка Елена. Ѝ содејствуваше на царицата Елена да го пронајде Чесниот Крст. Со Црквата Божја управуваше дваесет години и животот го заврши чесно.