Денеска се празнува Света Христина

|

Според православниот календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 јули, ден посветен на Св. маче ничка Христина.

Света Христина по род беше од градот Тир и беше ќерка на царскиот намесник Урбан, незнабожец.

Воспитана во истиот дух таа сепак, гледајќи ја убавината на созданието, дојде до познание на Бога и во една прилика ги искрши празните идоли во својот дом. Кога татко и го виде тоа, ја фрли в затвор со намера да ја предаде на см рт.

Но, се случи така што истата ноќ Урбан нанадејно го напушти овој свет. Новите намесници, Дион и Јулијан, ја ставија света Христина на ма ки и откако ја увидоа сета бесмисленост на нивните напори да ја поколебаат во верата наредија да и се отс ече главата. Света Христина пострада за Христа во третиот век.