Двегодишно дете паднало од втори кат во Скопје

ИЗВОРТелма
|

Синоќа после полноќ во Итната медицинска помош било пријавено дека двегодишно дете паднало од втори кат од зграда во Скопје, информираше за Утринска на Телма д-р Караманов од Итната медицинска помош.

Детето е пренесено на Урегнтен центар, нема тешки телесни повреди и е свесно. Засега нема информации како се случила несреќата.

Според првичните информации, несреќата се случила во Аеродром, а по првиот повик до Итната помош, блиските го донеле двегодишното дете во поликлиниката Јане Сандански каде има дежурен лекар и пункт на Итната помош.