Диетата на Наташа Беквалац: Намалете 10 килограми за еден месец и зачувајте ја мускулната маса

|

Проблемот со килограмите понекогаш е многу тешко да го решите. Слабеењето бара доста откажувања и тоа не е ни малку едноставен процес. Голем број познати личности, исто така, се бор ат со килограмите, а со оглед на тоа дека од нив се очекува секогаш да изгледаат совршено, тие мораат да внимаваат на исхраната.

Една од нив е и Наташа Беквалац, која веќе со години има прекрасна фигура, иако има две деца. Пејачката признава дека внимава што јаде, како и дека редовно вежба, а оваа диета ѝ помогна за кратко време да изгуби тежина.

Што е дозволено: сите видови на месо (освен мрсно свинско месо), млечни производи со што помалку јаглени хидрати (не претерува со намирниците како што е фета-сирењето, јогуртот, кашкавалот), зеленчук (се’ зелено: зелка, зелена салата, краставица, карфиол, брокули, лук, домат, тиквички, спанаќ), јајца на сите начини, јаткасти плодови (по една рака дневно), водата е многу важна во текот на целиот ден (пие 2,5 литри дневно).

Не смеете да јадете: секакво печиво, овошје (освен во недела), компир, соја, грав, боранија, тестенина, грашок, ориз, грицки, слатки, сокови.

Дозволените намирници консумирајте ги првите шест дена, а седмиот ден внесувате за појадок и за ручек тестенини, компир и ориз, значи се’ освен слатко. Во случај да сакате некој десерт, земете лажица мед или интегрален кекс. По седмиот ден, почнете од почеток со исхраната без јаглени хидрати, пишува „Глоси“.

Со ваквиот начин на исхрана можете да изгубите и до 10 килограми за еден месец, а со тоа нема да изгубите мускулна маса.