Љубовниот живот на еден знак ќе има нов замав: Дневен хороскоп (06.08.2022)

|

Овен 21.3-20.4.

Љубов: Ќе најдете начин за да задржите нечија доверба , но тоа во исто време и ќе ве обврзе. Сметајте на тоа.

Кариера: Изгледа дека својата работа ќе ја гледате во розево светло. Би било подобро да ја согледате и онаа другата, помалку привлечна страна.

Здравје: Треба да се биде реален.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов: Вашата фантазија може да создаде се што недостига , но кога работите ќе ги видите во реалноста, се гледа дека сепак нешто недостига.Поработете на тој дел.

Кариера: Кога сите луѓе би биле простодушни како деца, светот би бил поубав и се би било поедноставно. Соочете се со реалноста.

Здравје: Излезете на сонце .

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов: Иако нема да бидете премногу отворени, сепак ќе покажете добра доза на друштвена комуникација.

Кариера: Денеска би можеле да ви паднат на памет необични финансиски идеи. Некои ќе зарабиотуваат на црно.

Здравје: Чувствителност на нервиот систем.

Рак 22.6-22.7.

Љубов: Денеска вашиот партнер нема да покажува способност за реалност, туку обратно. Затоа вие ќе бидете тука за да го спуштите на земја.

Кариера: На состаноците ќе дојде до недоречености , што ќе ве нервираат. Вие сакате се да ви е јасно , а се случува спротивното.

Здравје: Разјаснете го она што можете.

Лав 23.7-22.8.

Љубов: Во попладневните часови доаѓа до нови поместувања кон подобро во вашата врска. Затоа дочекајте ги со радост.

Кариера: Возможна е соработка со една млада личност , која е посериозна од вашите врсници. Размислувате за неа.

Здравје: Не претерувајте со грижите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов: Во личните односи денеска би можеле да се фокусирате на нешто ново. Заедно ќе истражувате интересни теми.

Кариера: Далечни филозофии, егзотика , други народи и континенти – сето тоа би можело денеска да ве преокупира.

Здравје: Оние кои можат нека отпатуваат.

Вага 24.9.-23.10

Љубов: Вашата самодоверба ќе биде на краткотраен испит. Но , со љубав и верба во партнерот набргу се ќе надминете.

Кариера: Можен е финансиски трошок за кој што мислевте дека можеше да се избегне , односно дека е непотребен.

Здравје: Не си ја трошете силата попусто.

Скорпија 24.10-22.11.

Љубов: Вашиот љубовен живот денеска ќе има нов замав , благодарејќи на магичната комуникација што ќе се одвива меѓу вас и вашиот партнер.

Кариера: Одлично ќе маневрирате во секој вид деловна кореспонденција.На суптилен начин ќе ја постигнете саканата цел.

Здравје: Не жалете по небитни работи.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов: Како што ќе одминува денот , во вашите лични односи ќе име се повеќе фрустрации.

Кариера: Бидете подготвени за нови потфати и активности , што од вас ќе бараат знаење , интуиција и вештина.

Здравје: Не им верувајте на слаткоречиви .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов: Другата страна ќе има зголемени барања на тема нежност , а вие нема да бидете премногу расположени да ја задоволите.

Кариера: Кога своите способности не ги користите со целосен капацитет, би можело да дојде до фрустрации. За тоа ќе размислувате денеска.

Здравје: Кој може , нека оди на пливање.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов: Ќе бидете чувствителни со голема потреба некој да ве гушне. Доколку сте во врска, добро е. Ако сте сами ќе ве мачи копнеж.

Кариера: Во уметничките и естетските професии , би можело да дојде до претерување. Суетата ќе биде преголема и штетна.

Здравје: Спуштете се на земја.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов: На паметен начин ќе успеете да споите пријатно со корисно. На другата страна ќе и се допадне вашиот вкус за детали.

Кариера: Ќе добиете можност за да ја покажете својата прецизност. Токму тоа ви е потребно , па со ентузијазам ќе го прифатите предизвикот.

Здравје: Настинка.