Драгана Мирковиќ од сопругот доби златна торта

ИЗВОРскопје24
|

Фолк пејачката Драгана Мирковиќ има сопруг каков што може само да посака. Доказ за тоа е забавата која што нејзиниот избраник Тони и ја организирал по повод 52 роденден во нивниот дом во Виена.Тој нарачал торта која била украсена со златна прашина.

Тони заедно со Драгана и двете деца живеат во вистински дворец во Виена. Тој важи за еден од најуспешните и најбогатите бизнисмени во Австрија.

Во нивниот дворец во Виена каде што живеат долги години деновиве се одржа незаборавна забава по повод роденденот на Драгана, а на забавата покрај семејството, присуствувале и сите блиски пријатели на пејачката од Србија.

Во продолжение погледнете како изгледала роденденската торта на Драгана: