Два хороскопски знаци кои се совршен пар и уживаат во трошењето на парите

Бикот и Овенот се знаци кои можат одлично да функционираат во пар. Жената родена во знакот на Бик е водена од планетата Венера, а мажот роден во знакот на Овен е воден од Марс, и затоа кога тие ќе се поврзат постои можност совршено да функционираат.  Жената Бик ќе се прави недостижна, а мажот Овен ќе брза кон неа со неговото сексапилно и наметливо покажување храброст. Тој мора да внимава да не избрзува, затоа што жената Бик сака да го почувствува секој момент. Во обратен случај, жената Овен ужива во трошењето пари, а нејзиниот сопруг Бик секогаш ќе биде тука за да обезбеди  сѐ што таа сака.

Општи карактеристики за бик

Чувствителниот бик е управуван од Венера, планетата на љубовта и убавината. Ако сте родени во овој знак, тогаш вие ја обожавате добрата храна, романтиката и убавите работи. Венера ги изострува вашите пет сетила на повисоко ниво, па најсреќни сте кога сте опкружени со најдоброто – сатенски чаршафи, гурмански вечери, чаша црвено вино. Вие сте многу чувствителни и се насладувате на животот и на физичките задоволства кои излегуваат на вашиот пат.
Како бикот и вие работите многу напорно и сте најупорниот знак во хороскопот. Функционирате со две брзини – или целосно сте релаксирани или „со главата напред“ се стремите кон целта.
Бикот е знак спротивен на шкорпијата. Шкорпијата сака да ги наследува придобивките на другите, а бикот најмногу ги цени личните придобивки. Најнегативна ваша карактеристика е вашата склоност да ги поседувате најлуксузните предмети. Тоа може да ве доведе до крајности, особено кога ќе решите дека некој предмет треба да биде ваш, што ве прави материјалисти во очите на другите.
Како претставник на земните знаци ги обожавате дејностите на отворено. Силни и мускулести – вие сакате да си ја покажувате силата. Во љубовта сте многу романтични, верни, но и многу љубоморни. Секогаш знаете што сакате и ништо не може да ве спречи да ја остварите вашата цел. Се придржувате до вашите погледи и не ги менувате освен ако нема доволно добра причина за тоа.
Знаете да бидете тврдоглави, но позитивна страна е тоа што сте лојална личност на којa може секој да се потпре. Само внимавајте да не заглавите засекогаш во вашата сигурна зона и вашиот живот да започне да стагнира. Ризикувајте и пробајте нешто ново! Понекогаш промената и ризикот можат да го доведат прогресот и добивката кои ги посакувате.

Симбол: Бик

Симболизира: Силата на волјата, тврдост, стабилност, издржливост, чувствителност, конкретност, музика.

Елемент: Земја

Планета: Венера – планетата на убавината и љубовта.

Ден од седмицата: Петок

Боја: Зелена и сина.

Број: 2 и 6.

Скапоцени камења: Аквамарин, смарагд.

Најдобри професии: Пејачи, музичари, оратори, администратори, сметководители, градинари, еколози, ветеринари, економисти, банкари.

За да се спријателите со нив: Не се спротивставувајте на нивните идеи! Често канете ги на некое место да јадете заедно.

Дел од телото: Врат, грло, вилица.

Добри карактеристики: Трпеливи, практични, внимателни со парите, одговорни, организирани, романтични, внимателни, посветени, грижливи, секогаш подготвени да дадат морална поддршка, добри кулинари.

Лоши карактеристики: Премногу попустливи, инаетчии, бавни, мрзеливи, тврдоглави, суетни, премногу претпазливи, евтини, завидливи, љубоморни, материјалисти.

Карактеристики по кои ќе ги познаете: Длабоки и сентиментални очи; долг и елегантен врат; карактеристична вилица.

Омилени работи: Фотографирање, планини, добра музика, добра храна, сатенски чаршафи.

Работи кои ги мразат: Хотели, утра, валкани работи, да бидат избрзувани, бесцелно трошење пари.

Можете да ги најдете: Споредувајќи ги цените при купување на луксузни работи; пеејќи во бенд или хор; работејќи три работи едновремено; изложувајќи слики во уметничка галерија.

Скриена желба: Да го поседуваат најдоброто!

 

Општи карактеристики за овен

Овенот е управуван од Марс, црвената огнена планета, која е симбол на енергијата и виталноста. Во митологијата Марс е бог на војната и агресијата. Марс исто така го управува и знакот шкорпија, но овенот е војникот, а шкорпијата стратегот. Ако сте припадник на знакот овен, тогаш вие го поседувате натпреварувачкиот дух на митолошкиот владетел, кој ви помага по патот кон успехот. Секој проект под ваше раководство е успешен, но често знаете да бидете горделиви и нетолерантни. Сите тие ваши карактеристики ви помагаат да ги постигнете вашите цели.
Вие сте родени да бидете број еден. Сакате да демонстрирате сила, индивидуалност, сигурност и самоувереност. Вие сте пионерите на хороскопот и секогаш се насочувате кон освојување на нови хоризонти. Секогаш сте во центарот на вниманието и ги инспирирате луѓето со својата самодоверба.
Не сакате да бидете сами, многу често сте егоисти и барате големо внимание, а кога нема да го добиете веднаш надвладува лошото расположение. За среќа, ретко имате проблеми во привлекувањето на вниманието.
Во љубовните односи сте многу романтични. Умеете да уживате во секоја минута, страсни сте и никогаш не го разочарувате партнерот. Страв ви е од досадата и спремни сте да го оставите вашиот партнер, ако страста во вашата врска исчезне.
Како огнен знак вие сакате да одговарате на предизвиците со дела, а не емоционално или интелектуално. Најголемата ваша слабост е што многу често се откажувате пред самиот крај, особено кога сте избрзале и не сте размислиле пред да започнете.
Секогаш кога не можете да ги контролирате работите и вашиот живот станувате неподносливи. Понекогаш по малку се однесувате „шефовски“, особено кога работите не се одвиваат по ваша волја. Но, дозволете од време на време и некој друг да ја преземе водечката функција, во спротивно се оддалечувате од потенцијалните сојузници. Фокусирајте ја вашата натпреварувачка енергија кон цел достојна за еден лидер, делегирајте задачи на вашата војска и брзо ќе го достигнете врвот.

Симбол: Овен

Симболизира: Почеток, авторитет, насилство, амбиција, сексуална енергија, импулсивност, младост, мажественост.

Елемент: Оган

Планета: Марс – планетата на војната и енергијата.

Ден од седмицата: Вторник

Боја: Црвена

Број: 1, 7 и 9.

Скапоцени камења: Рубин, дијамант, гранат, аметист.

Најдобри професии: Војници, управници на фирми, лидери, спортисти, месари, инженери, производители на оружје, натпреварувачи со автомобили и сè што е поврзано со ризик и предизвици.

За да се спријателите со нив: Не им се спротивставувајте. Пробајте да го следите нивниот ритам!

Дел од телото: Глава, лице, горните заби.

Добри карактеристики: Енергични и динамични, борбени, страсни, ентузијасти, оригинални, охрабрувачки и херојски настроени, незапирливи, посветени, грижливи, реагираат брзо, веруваат во своите способности и не се плашат од бариерите, имаат голема самодоверба и самодисциплина.

Лоши карактеристики: Горди, егоцентрични, импулсивни, тврдоглави, невнимателни, љубоморни, непостојани, нетолерантни, агресивни, им недостигаат дипломатски способности.

Карактеристики по кои ќе ги познаете: Високо чело; агресивно поведение.

Омилени работи: Видео игри, нова облека, патувања во брзи коли, логички игри, да им се обрнува внимание, да разговараат.

Работи кои ги мразат: Зборот „не“, да делат работи со некој друг, да бидат игнорирани, тесни места, да губат.

Можете да ги најдете: Обидувајќи се да победат на „Music idol“; работејќи напорно за црн појас; пишувајќи и продуцирајќи соло албум.

Скриена желба: Да бидат број еден!