Две лица тешко повредено во две одделни сообраќајни несреќи – Едниот возач во бегство

|

На 19.05.2022 во 22.50 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на улица „Орце Николов“, патничко моторно возило удрило во С.С. (57) од Скопје и го напуштило местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.С., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје. Увид бил извршен.

Исто така на 19.05.2022 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „3“ во с.Трубарево, скопско, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј. (28) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопјe.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.