ЕСМ ќе му плаќа на ТЕ-ТО по 170 евра за мегават час произведена струја

|

Цената по која АД ЕСМ ќе ја преземе дополнително произведената електрична енергија од производителот АД ТЕТО е 170 евра по мегават час, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Станува збор за производна цена на електрична енергија од комбинирана постројка за производство на електрична и топлинска енергија од природен гас со вкалкулирана продажна цена на природен гас во Република Северна Македонија за јануари 2022.

Тој појасни дека во моментот, АД ТЕТО, согласно договорите што ги има со добавувачите, работи само од понеделник до петок со капацитет од 200 мегавати од вкупно инсталираните 227 мегавати, а во сабота и недела не работи воопшто.

Како што појасни Бектеши попладнево на прес-конференција АД „ТЕТО“ ќе работи седум дена во неделата во период од 05 до 01 часот со полна моќност, а АД ЕСМ ќе го откупува вишокот на електрична енергија што компанијата нема да го продаде на слободниот пазар, за што утре ќе биде потпишан договор меѓу двете компании.

Ваквата одлука е донесена денеска на седница на Влада и ќе трае до крајот на месецот, но Владата има можност, доколку се укаже потреба, да ја продолжи бидејќи во земјава е прогласена кризна состојба во енергетиката. Согласно со уредбата за прогласување на кризна состојба, Владата е должна да носи мерки со кои сите капацитети за производство на електрична енергија може да ги стави на располагање на АД ЕСМ со цел да има непрекинато снабдување со електрична енергија.

Целиот текст прочитајте го на Независен со клик ТУКА.