Филипче: Немаме ниту едно автохтоно жариште на коронавирус

ИЗВОРСкопје24
|

Министерот за здравство, Венко Филипче во одговор на новинараско прашање од каде се заразил пациентот од Тетово, кој бил неподвижен и сместен во заводот за рехабилитација, вели дека според нивните информации тој имал посета, но остава простор да се утврди точно од каде се заразил пациентот. Тој истакна дека кај нас нема ниту едно автохтоно жариште.

Пациентот од Тетово од 8 до 23 март бил сместен во Заводот за рехабилитација во Скопје.

Пациентот бил неподвижен и само еднаш имал посета, но сомнежи за корона вирус се појавиле кога кај пациентот се покачила телесната температура па му бил направен тест кој бил позитивен.

Тој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести, исконтактирани се сите 14 лекари и четириесетина пациенти кои биле во Заводот. Од резулатите на тестирањата на вработените и пациентите, кај кои засега нема симптоми, ќе зависи дали оваа институција ќе биде затворена и дали во иднина ќе функционира амбулантски.