Фудбалер се ожени, но не беше на сопствената свадба – братот му беше „двојник“

|

Мохамед Буја Турај е фудбалер на Малме кој доаѓа од Сиера Леоне, а се најде во центарот на вниманието на шведската јавност бидејќи на социјалните мрежи на 1 август објави фотографии од својата свадба, иако во тој период веќе беше пристигнат на тренинзи во Малме.

Тој настапи за шведскиот тим на дуелот од квалификациите за ЛЕ против Дуделанж, по што Турај ја објасни и целокупната ситуација. Која е многу интересна – тој навистина правел свадба на 31 јули, но не бил присутен на неа.

„Навистина имаше свадба на 31 јули во Сиера Леоне. Само што јас не бев таму, бидејќи Малме побара порано да се приклучам на подготовките, а свеченоста беше однапред закажана и не можевме да го промениме терминот. Фотографиите што ги споделив се направени однапред, да изгледа како да сум таму, а всушност не бев присутен. На самата свеченост ме менуваше брат ми“, изјави Турај.