|
Екипите на ЈП „Улици и патишта“, по налог на Град Скопје отпочнаа со асфалтирање на реконструираните пешачките патеки во градскиот парк меѓу малите езерца наспроти локалот „Централ парк“.
Обновена е површина од околу 620 метри квадратни со нова асфалтна маса, а патеките се со широчина од три до пет метри и со различна должина. Реконструкцијата на пешачките патеки ќе продолжи и понатаму со цел асфалтирање во средишниот дел од паркот и да се обноват вкупно 3.000 метри квадратни.
Денес екипите продолжуваат со активностите за реконстукција и асфалтирање и на останатите пешачки патеки, со што се добива уреден изглед на Градскиот парк за граѓаните кои го користат за прошетки и рекреација.