Граѓаните бараат: Петиција за ослободување од надоместоци за вода, струја и комунални такси за месец Март и Април

ИЗВОРСкопје24
|

Откако излезе петиција на која се бара евтина струја во текот на целото деноноќие додека трае вонредната состојба во Македонија, сега се појави уште една во која покрај еврина струја се бара ослободување од надоместоци за вода, струја и комунални такси за месец Март и Април.

„Поради кризата со пандемијата и потребата од социјална дистанца, седење дома, и честа дезинфекција во домот, потрошувачката на вода и струја е зголемена и трошоците го надминуваат домашниот буџет, особено што месечните примања веќе ги истрошивме на резерви храна, средства за дезинфекција, лекови и додатоци во исхраната.

Потребата од соработка на овие компании е истовремено и нивна одговорност кон здравјето на граѓаните, и подршка на здраствениот систем.“ стои во петицијата која досега ја потпишале околу 860 граѓани.

Петицијата можете да ја потпишете ТУКА.