Граѓаните кои протестираа кај „Мајчин дом“ се обидоа да ги урнат тарабите на заградената парцела – Фото

Тензично беше на протестот на граѓаните на Општина Аеродром кои попладнево се собраа на протест против изградбата на деветкатница кај „Мајчин дом“, а воедно и да го изразат незадоволството од градоначалникот на Општината, Златко Марин.

Тие се собраа околу тарабите со кои е заградена парцелата на која треба да се гради објектот и покрај обезбедувањето на полицијата, тргнаа да ги уриваат тарабите.

Инаку, насобраните граѓани го блокираа сообраќајот на булеварот Јане Сандански. Во барањата, освен за стопирање на изградбата на висококатницата, од иницијативата „Сакаме Аеродром да дише“, бараат оставка од градоначалникот Марин, посочувајќи дека никој не се грижи за здравјето на децата.

Градоначалникот Златко Марин, денеска на прес-конференција, рече дека не може да ги сопре градежните работи и ги повика граѓаните слободно да протестираат и искажат својот став.

Извор: Вечер