Хари Стајлс и Оливија Вајлд направија пауза по две години врска

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачот Хари Стајлс (28) и актерката Оливија Вајлд (38) раскинаа по две години врска.

Според магазинот „Пипл“, пејачот и актерката „одморуваат бидејќи имаат различни приоритети кои ги раздвојуваат“.

– Се уште е на турнеја и сега заминува во странство. Таа, од друга страна, е фокусирана на своите деца и нејзината работа во ЛА. Тоа беше многу пријателска одлука. Тие се уште се многу блиски пријатели“, изјави извор за People.

– Јавен притисок падна тешко врз нив. Имаа подеми и падови во текот на нивната врска – рекол изворот.

Оливија ја изненади јавноста кога ја раскина долгогодишната свршувачка со актерот и продуцент Џејсон Судеикис (45), парот има две деца заедно, синот Отис (7) и ќерката Дејзи (4).

Да потсетиме, се шпекулираше дека Хари и Оливија кликнале на снимањето на филмот Don’t Worry Darling. Во ноември минатата година, папараците ги снимија како разговараат и се смеат на сетот. Оливија е и режисер на филмот, а на странските медиуми во една прилика им кажала како сакала Стајлс во филмот откако ја видела неговата глума во акциониот филм „Данкирк“.