Игор за поклонот на Илина: За роденден и купив куфер, утредента замина со истиот

ИЗВОРСкопје24
|

Македонскиот шоумен и мултиталентиран уметник Игор Џамбазов и врвната планинарка и сестрана спортистка Илина Арсова важат за еден од најубавите и најзаљубени парови на македонската јавна сцена. Илина неодамна го прослави својот роденден, а како подарок од Игор доби куфер, што предизвика една смешна ситуација за која Игор напиша на Инстаграм.

За роденденот и купив куфер. Куфер. Тоа е она со кое патуваш. Утредента си замина со истиот тој куфер. Па се купува ли куфер, Џамбазов, говедо едно непрокопсано… Сам сум се уб ивал. Еј животе, француски предлогу…, напиша игор под фотографијата од Илина.