Џенифер Анистон ретко се гледа во вакво издание – Позира без шминка и фризура

ИЗВОРСкопје24
|

Актерката Џенифер Анистон објави фотографии на Инстаграм на кои позира без шминка и фризура Џенифер моментално е на Хаваи, каде со Адам Сендлер го снима продолжението на филмот Murder Mystery и покажа како и изгледа косата додека времето е влажно.

„Во ред, влажност… Одиме“, напиша актерката со фотографии од кадрава, бујна коса, а се гледа дека на нејзиното лице нема ни трошка шминка. На фотографиите таа е завиткана во крпа.

На следбениците им се допадна нејзиниот природен изглед.

„Да, природни локни“, „Искрено, многу ми се допаѓа“, „Фантастична“, „Убава си“, „Косата ми изгледа идентично кога е влажно време“, напишале нејзините придружници. Многумина се потсетија на сцените од серијата „Пријатели“ кога тимот беше на Барбадос, а косата на Моника изгледаше бујно и кадрава поради влагата.

Инаку, филмот Murder Mystery беше голем хит по неговото прикажување во 2019 година и еден од најуспешните филмови на Нетфликс. Претходно беше најавено дека снимањето на второто продолжение ќе започне во јануари 2022 година на Хаваи. Во главните улоги повторно се појавуваат Џенифер Анистон и Адам Сендлер.