ЈСП со важно соопштение за сите граѓани

ИЗВОРСкопје24
|

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги известува жителите дека согласно препораките за превенција од вирусот од утре линиите до Средно Водно ќе престанат да сообраќаат. Се укинуваат автобуските линии 25, 25А и 25Б.

Од претпријатието исто така информираат дека со работа ќе престане и жичарницата, а ваквата одлука ќе важи и во наредниот период односно до донесување на следни препораки од страна на надлежните институции.

Исто така, од денеска се укинува бесплатниот автобуски превоз за пензионерите во Скопје. Од ЈСП „Скопје“ информираат дека одлуката е донесена поради препораките на Владата за заштита од коронавирусот, пензионерите да не се возат со автобусите од јавниот превоз. Исто така пензионерите нема да можат да се возат бесплатно и на жичницата на Водно.

Покрај за пензионерите нема да важат бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз.

„Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот. Одлуката е времена, ќе важи во наредните две недели, сè до наредните препораки“, велат од ЈСП „Скопје“.

Пензионерите со одлука во времето кога градоначалник беше Коце Трајановски се возат бесплатно во вторник, петок, сабота и недела.