Каде може да се најде најевтин леб во Скопје?

Лебот е најкористената работа во светот и основна хранлива состојка за секое семејство бидејќи ја конзумираме речиси со се. Тој може да биде подлога за различни сендвичи, дополнување на многу специјалитети, а незаменлив е за време на доручекот. Кога се пресметува потрошувачката кошничка на едно семејство во било која држава од светот секогаш задолжително најпрво се става вредноста на лебот.

Цената на лебот може да варира зависно од периодот, но дури и во еден ист временски период цената може да варира од еден маркет до друг. Во денешно време имаме голем избор на лебови. Најпртво го имаме оној основниот бел пченичен леб, но бидејќи често се дебатира за тоа колку навистина е здрав овој леб, големите компании пронајдоа начин како тоа да го променат па направија многу различни, поздрави или повкусни варијанти на леб. Така најконзумирани денеска се тост лебовите, за попрактична намена, и интегралните и ржани лебови како поздрава варијанта на обичниот бел леб.

Со цел да ви откриеме во кои од нашите најголеми маркети има најевтин леб, направивме мала анализа на цените и дојдовме до следниве резултати:

Во Кам маркет цената на обичен бел леб варира од 20 до 27 денари денари, додека тост лебот со маслинка е 33 денари. Во Тинекс маркетите леб за тост чини 22 денари за разлика од Веро каде истиот е по цена од 27 денари. Во Жито маркетите пченичниот леб е 27 денари, додека ржаниот тост леб е 28 денари. Во Рептил маркетите цените се движат од 30 до 33 денари, односно 30 денари за бел и интегрален тост леб и 33 денари за пченкарен. И за крај во Рамстор маркетите цените се движат од 35 денари за обичен тост леб и тост леб со малинка, додека интегралниот леб е 36 денари.

Секакако разлика во цената прави и тоа во зависност од која фирма го произведува истиот и дали е домашно производство од самиот маркет или во него само се продава. Честопати сведоци сме и на многубројни акции, во кои целите се намалуваат за некој денар, но доколку би можеле да направиме споредба со тоа колку порано во минатото чинеше лебот и цените кои што денеска ги имаме во маркетите можеме да заклучиме дека цената со текот на времето расте.