Канје под полициска истрага – што се случило пред клубот?

ИЗВОРСкопје24
|

Канје Вест моментално е под полициска истрага, потврди неговиот представник за медиумите. Пејачот наводно се скарал со обожавател кој во четвртокот во 3 часот по полноќ пред клубот побарал автограм.

Се наведува дека Вест со рака го удрил фанот, кој потоа паднал на земја. Полициската управа на Лос Анџелес не откри други детали, само ја потврдија истрагата. Раперот не бил на местото на настанот кога пристигнала полицијата.

Претходно истата вечер, Канје излегол со својата девојка Џулија Фокс, а потоа сам се возел до клубот.

Во меѓувреме, TMZ доби видео на кое се гледа како маж лежи на улица, додека Кање во позадина им вика на луѓето кои најверојатно се негови соработници.

Во еден момент на снимката се слуша како Канје гласно вели: „Бегај од мене“, додека негова братучетка се обидува да го смири.

Кање наводно ги замолил присутните да не го фотографираат, а откако обожавателката му одговорила: „Во ред е, сите имаме семејни проблеми“, раперот наводно двапати го удрил.