Колку долго може да живее коронавирусот на човечката коса: Жените особено мора да внимаваат

ИЗВОРСкопје24
|

Коронавирусот се шири со неверојатна брзина низ целиот свет, поради што научниците неуморно истражуваат и се обидуваат да дојдат до што повеќе одговори за неговото однесување и начинот на заштита.

Едно од прашањата што се смета за многу важно е колку долго може вирусот да преживее на одредени површини.

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести проценува дека коронавирусот опстанува од неколку часа до неколку дена, во зависност од подлогата и условите. На пример, се верува дека на не’рѓосувачки челик и пластика може да преживее два до три дена, според податоците од истражувањето на Националниот здравствен институт.

Се испитува и колку долго може да се задржи на ткаенини, како облека или мебел, но една од локациите за кои досега не сме размислиле е косата.

„Вирусите обично живеат пократко на површини како што е косата, отколку, на пример, на мазни површини како челикот“, вели доктор Сад Омер, директор на Институт за јавно здравје во Јејл.

Од друга страна, дерматологот доктор Адам Фрајдмен објаснува:

„Косата има свои природна масла кои ги покриваат влакната и се однесуваат како своевидна заштита. Тие масла имаат одредени антимикробни својства и од нив зависи колку силно и долго може да се држат микроорганизмите за влакната“, вели тој.

Експертите заклучуваат дека сосема возможно е коронавирусот да се најде во косата, но не треба многу да се грижите ако редовно одржувате хигиена.

„Малку можете да се потпрете на природните масла и заштитата што тие ја пружаат, но јачината на заштитата зависи од човек до човек. Најдобар начин да се заштитите е редовно да ја миете косата“, вели Фрајдмен.

Косата треба да ја миете на вообичаениот начин, со шампон, кој ќе го отстрани сето тоа што се наоѓа на влакната. Доктор Сад препорачува да ја миете косата секој ден по еднаш додека трае епидемијата на коронавирус.

Експертите даваат уште еден совет, особено на жените. Не дозволувајте косата да ви паѓа на лицето, да ги допира очите, носот или устата. Најдобро е да ја држите врзана или сплетена во плетенка, која паѓа на грбот, за да го сведете ризикот од зараза преку коса на минимум.

Секако, додека не заврши епидемијата, експертите советуваат да не одите во салони и да се грижите за косата дома.