Кутрото кученце со задни сили се бореше да не се удави – ќе ви се стопи срцето од неговата реакција кога ќе ги види спасителите

Неговите шепи беа крвави од обидите да се задржи на камените ѕидови од бунарот, но за среќа беше спасен.

Спасувачите добија позив да го спасат кучето што се бори за живот откако падна во длабок бунар. Кучето беспомошно пливаше со часови пред да го воочат и да повикаат помош.

Кутрото кученце ја губеше силата и одвај преживуваше додека се држеше за бочниот ѕид, а благодарение на спасувачите беше извлечено и спасено. Да не беа тие најверојатно немаше да издржи уште долго и да преживее.

Го спасија претставници кои се дел од екипата од здружението за помош на животните „Анимал Аид“, а нивното видео на јутјуб досега го изгледале преку 30 милиони луѓе од целиот свет.