Магично запросување во Москва: Водителката Елена Стефановска кажа ДА

|

Новата 2022 година за водителката и авторка на емисијата „Живот со стил“, Елена Стефановска, очигледно ќе боде среќна затоа што ја започна со многу љубов и понуда за брак.

Партнерот Бојан ја побара за жена на магично место во преубавата Москва, а таа се пофали и со дијамантскиот прстен на социјалните мрежи.

Кажав да”, напиша Елена. Бојан ја побара Елена за жена веднаш по полноќ на дочекот на Новата година во Москва.

Двојката долго време се заедно, а за празниците се во Русија.