Магија за животот во 4 минути: Еве што се случува во стомакот на мајката од зачетокот на бебето до доаѓање на свет

За секоја идна мајка, првото движење на бебето во стомакот претставува најсреќен момент во животот, бидејќи тоа говори дека се е во ред со бебето. Иако ќе поминат уште неколку месеци пред да се сретнете лице во лице со своето бебе, уште сега можете да почнете да се запознавате. “Разговорот” со бебето, нежното милување на стомакот, пуштањето на пријатна музика, се прекрасен начин за да воспоставите врска со бебето, уште кога е во стомакот.

Кога стомакот ќе се заобли и ќе почне да расте, ќе може да го насочите сето свое внимание на најсаканиот потстанар, кој во наредните месеци се почесто ќе Ви покажува дека нестрпливо чека да дојде на свет.

Околу 18. недела од бременоста, бебето може да чуе, а од 26. недела веќе го препознава Вашиот глас. Тоа е сосем добра причина за да почнете да разговарате со него. Иако не може да го разбере значењето на зборовите, бебето ќе ја запомни бојата на Вашиот глас и тонот со кој зборувате.

Процесот од девет месеци кој се случува во стомакот на жената, неможе да се опише со зборови. Сите мачнини, болки и непреспиени ноќи, секоја мајка ги заборава во моментот кога во раце ќе го земе своето најмило.