Македонија се приклучи на 10 земји во кои глобално се следи ефикасноста на терапијата за лекување од КОВИД 19, соопшти СЗО

ИЗВОРСкопје24
|

Македонија денеска се приклучи кон земјите што се дел од глобалната студија на Светската здравствена организација (СЗО) со која се следи ефикасноста на терапијата што се дава на пациентите заболени од КОВИД-19, соопшти Светската здравствена организација на својата официјална веб страница.

Со оваа глобална студија Македонија им се приклучува на Аргентина, Бахреин, Канада, Франција, Иран, Норвешка, Јужна Африка, Шпанија, Швајцарија и Тајланд.

Станува збор за размена на темелни податоци што треба да покажат кои третмани се најефективни за лекување на КОВИД-19.

Во моментов, во овие 11 земји се испитуваат пет комбинации на лекови што им се даваат на пациенти заразени со коронавирусот.

Од денеска на платформата на Светската здравствена организација се достапни и онлајн курсеви на македонски јазик за здравствена заштита и контрола на инфекцијата, а наскоро курсевите ќе бидат достапни и на албанки.

„СЗО му помогна на македонското министерство за здравство да подготви список на заштитна опрема и комплети за тестирање за следните три месеци“, соопштија денеска од Светската здравствена организација.