Марија Шерифовиќ се откажа од пеењето – Пејачката се испроба во актерството, а еве со кои актери се најде рамо до рамо

ИЗВОРСкопје24
|

Марија Шерифовиќ ќе глуми во новата хит серија „Прошетка со лав“ на Филип Чоловиќ! Пејачката објави видео во кое се пофали дека споделила кадар со Анѓелка Прпиќ, но и дека зад камерите се забавувала со Андрија Милошевиќ.

– Имам улога во една серија – изјави поп ѕвездата, не сакајќи да открие повеќе. Како што дознаваме, Марија ќе се игра себеси. Како единствена српска победничка на Евровизија, ќе разговара со водителката Уна, која ја игра Анѓелка. Покрај нив две и Андрија, во серијата играат и Бранка Пујиќ, Аница Добра, Тихомир Станиќ, Андрија Кузмановиќ .

Марија не е единствената пејачка која се испроба пред филмските камери. Досега тоа го направиле и нејзините колешки Милица Павловиќ и Александра Пријовиќ.