Барем според последните анализи кои ние ги направивме со помош на најпрецизните нумерички модели во светот, за време на викендот кој доаѓа, како и во почетокот од следната седмица Македонија да се подготви за МОЌЕН и ДЛАБОК ЦИКЛОН кој ќе услови СИЛЕН јужен и југоисточен ветер, ИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ од дожд како и локална појава на грмежи.
НАПОМЕНА: Овие Атмосферски процеси локално би можеле да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ, а можни се и нови локални ПОПЛАВУВАЊА слични на оние кои неодамна се случија во Тетовско. Во почетокот од следната седмица на планинските места и Скијачките центри и тоа под влијание на СТУДЕН ВОЗДУХ од север ќе има нови ОБИЛНИ СНЕЖНИ врнежи со што се очекува нова ПОЗНАЧИТЕЛНА СНЕЖНА покривка.
Сепак сеуште се работи за НЕОФИЦИЈАЛНИ ИНФОРМАЦИИ и промени во прогнозата се сеуште можни. Едно е сигурно, ГОЛЕМА ПРОМЕНА на времето СИГУРНО ќе има за викендот и следната седмица. Понатаму следуваат НОВИ и ОБНОВЕНИ метео информации.
Со овој МОЌЕН ЦИКЛОН, ПОПЛАВИ се можни и во регионот.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!