На Лила и се исполни долгогодишната желба – “Никогаш посреќна, никогаш поблиску до Бог”

|

Нашата најдобра водителка Лила Филиповска реши повторно да ги спакува куферите и моментално е на уште едно патување на нова интересна дестинација – Јордан.

Како што ги информираше своите фанови на социјалните мрежи, ова е едно сосема поразлично патување, на кое и се исполни една долгогодишна желба, а тоа е да се крсти во светата река Јордан, онаму каде Св. Јован Крстител го крштевал Исус Христос.

Најпрво во видео на Инстаграм го покажа точното место каде Исус бил крстен, но поради климатските промени за жал реката таму повеќе не поминува.

Сепак, сите верници имаат шанса да се крстат во водите на оваа река, а таа можност ја искористи и нашата водителка која облечена во посебна наметка со ликот на Исус Христос, истакна дека на ова место се чувствува поблиску од било кога до Бога.

Нешто порано водителката беше и на уште едно свето место за сите христијани, на местото каде Мојсеј се молеле, односно на долината на Мојсеј.

Исто така Лила го посети и Мрт вото море кое поради големиот процент на сол кој го содржи во себе не дозволува да опстои било каков морски свет, ниту пак им дозволува на посетителите да пливаат, туку само да лебдат и уживаат.

Од она што водителката ни го кажа во крстките приказни на инстаграм, е дека чувството е како да стоите во вода со масло и дека во никој случај не можете да пропаднете во водата, но можете да земете книга и да уживате.

Патувањето не завршува тука, па очекуваме Лила и во наредните денови да не изненади со некоја нова интересна ситуација, која ние веднаш ќе ви ја пренесеме.

(Н.Ј.)