На Попова Шапка почнува „Снежен град 2020“

ИЗВОРскопје24
|

Ученици од повеќе основни училишта од Скопје од денеска до 21 овој месец ќе бидат дел од традиционалната манифестација „Снежен град и Карван 2020“ што ќе се одржува на Попова Шапка.

Децата ќе бидат поделени по 15 во група и заедно со ментори во следните денови ќе градат скулптури од снег. Скулптурите официјално ќе бидат промовирани на 21 овој месец.

Исто така на оваа манифестација „Снежен град 2020“ ќе се одржат и повеќе забавно-рекреативни активности како избор на Снежна убавица, Бал под маски, Снежно бинго, Снежен крос, натревари во пинг-понг, билијард, шах, пикадо.