Надал: Жал ми е за Новак, но тенисот е поголем од сите нас

ИЗВОРСкопје24
|

Жал ми е што Новак Ѓоковиќ нема да игра, тоа го знаевме некаде, штета е еден од најдобрите играчи во историјата да го нема, но спортот е поголем од кој било од нас, изјави шпанскиот тенисер Рафаел Надал пред почетокот на УС Опен.

Како неимунизиран, Ѓоковиќ не смееше да влезе во САД и Шпанецот ќе има можност да му „избега“ кога е во прашање бројот на грен слем титули, моментално е 22:21.

„Го знаевме тоа пред неколку месеци. Од моја гледна точка, тоа е тажна вест. За турнирот, за навивачите и за играчите, бидејќи секогаш го сакаме најсилниот турнир“, рече Надал на прес-конференцијата, пренесува Танјуг.

Надал потсети и дека во минатото ги пропуштал големите турнири поради пов реда.

„Не бев овде минатата година. Ниту пред две години, но тенисот продолжува. Ќе има тенис по мене, Новак и Федерер. Новак е еден од најважните играчи во последните 20 години во историјата на нашиот спорт и лично ми е жал што не можеше да дојде овде“, изјави Надал.