Наредната недела ќе стигнат 20.000 теста и 500.000 маски, ќе се започне и со мобилни тестирања

ИЗВОРСкопје24
|

Од следната недела здравствените власти ќе бидат спремни и за мобилни тестирања, најави министерот Венко Филипче.

„Припремите траеја изминатите денови. Денеска, утре, во текот на викендот ќе се селектираат уште пошироки групи, согласно мислењето на епидемиолозите, и тоа во градови каде што сметаме дека тоа треба да се направи“, рече Филипче.

Тој ја повтори информација за донацијата од норвешката амбасада на 25 респиратори кои, како што рече, се очекува да пристигнат на почетокот на април. За истите тие респиратори, информираше и вицепремиерот Бујар Османи, кој рече дека се бара начин како да пристигнат во земјава бидејќи моментално се заглавени во депо во Турција.

„Дополнително одговор најавуваат и од Амбасадата на Кина. Една донација, која ја баравме пред неколку недели, најавија одговор во следните денови. Во текот на следната недела како донација треба да пристигнат и 500 илјади маски и 20 000 тестови за тестирање на вирусот“, рече Филипче.