НЕ Е АРКАН – Овој човек е заслужен за кариерата на Цеца (ВИДЕО)

Светлана Цеца Ражнатовиќ од почетокот на кариерата до денес многу го менуваше својот изглед.

Имено, на естрадата веќе 28 години изгледа се поубаво и поубаво.

Очигледно нејзе годините не и можат ништо, изгледа се подобро и подобро.

Цеца Ражнатовиќ имала неколку важни години во својот живот кои се поврзуваат со успешната кариера.

Еден од нив е 1987-ма година, кога имала само 14 години.

Тогаш сосема случајно на одмор во Црна Гора ја забележан композиторот и аранжер Мирко Кодиќ, кој е заслужен за стартот на нејзината кариера“.

„Цеца летуваше со родителите во Улцињ, а убавото девојче го забележав во ресторан. Секако таму не настапуваше за пари, туку отпеа неколку песни по нејзина желба. Добро пееше, имаше секси рапав вокал, со многу јужначки ритам. Во неа имаше нешто што знаев дека ќе ја направи ѕвезда. Разговарав со родителите и ја повикав во Белград.

Се друго е историја“, вели Кодиќ.

Дека Цеца и композиторот останале добри пријатели потврдува и снимката од нејзината свадба на која присуствувал и тој.

Цеца пак, ретко зборува за емоциите и своите врски, но за тоа, како што вели и самата има посебна причина. Сепак, фолк пејачката во интервју за „Бекстејџ“ конечно реши да прозбори за оваа тема и како што рекла, моментално е задоволна од својот живот.

„Не сакам за нешто толку интимно да се зборува и да се пишува. Доволно е јавноста да знае дека сум задоволна од својот живот, а тоа значи дека сум го организирала онака како што ми годи”, потенцирала Цеца.

Иако во последното видео за дуетската „Лажов ноторни”, која ја сними со Саша Матиќ, публиката ја виде во венчаница, таа вели дека се мали шансите во реалноста такво нешто да се случи.

„Се омажив еднаш од љубов и родив две деца. Не велам дека од трагичниот крај на тој брак цело време сум била сама, имаше некои врски и комбинации, но никогаш не сум размислувала да се омажам за некој од тие мажи. Не постои таков кој може да го замени Аркан”, заклучила Ражнатовиќ.Цеца Ражнатовиќ: Не постои маж што може да го замени Аркан!