Неделен хороскоп 03.12.2018 до 09.12.2018

Овен (21.03 – 20.04)

РАБОТА: Уморни и исцрпени од обврски ќе ги запоставите новите работни задачи. Мотивирајте се за да ја протуркате оваа недела.

ЉУБОВ: Слободните ќе бидат социјално активни, а зафатените ќе сакаат слободното време да го поминат сами со партнерот.

ЗДРАВЈЕ: Можна е минлива алегија.

Бик (21.04 – 21.05)

РАБОТА: Солидна работна недела е пред вас. Конечно ќе остварите дел од зацртаните цели.

ЉУБОВ: Слободните ќе му предложат врска на некој кој им се допаѓа, а зафатените ќе мора да обават посериозен разговор со партнерот.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

Близнаци (22.05 – 22.06)

РАБОТА: Можни се мали конфликти со колегите и надредените. Внимавајте што кажувате и немојте да бидете тврдоглави.

ЉУБОВ: На почетокот на неделата ве очекуваат хармонични односи со партнерот, внимавајте да не ги расипете.

ЗДРАВЈЕ: Воведете физична активност во вашето секојдневие.

Рак (22.06 – 22.07)

РАБОТА: Конечно ќе успеете да ги спроведете плановите. Земете некој добар пример од конкуренцијата.

ЉУБОВ: Неповолна недела за љубов, бидејќи ќе бидете презафатени со работните обврски.

ЗДРАВЈЕ: Минлива главоболка.

Лав (23.07 – 22.08)

РАБОТА: Многу променлива ситуација на работа, од огромно задоволство ќе преминете во тотално разочарување.

ЉУБОВ: Водолиите во текот на оваа недела ќе размислуваат за една личност од минатото.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на притисокот.

Девица (23.08 – 22.09)

РАБОТА: Ќе пукате од самодоверба. Ќе имате долгорочни и реални планови кои полека ќе ви носат успех. Ќе бидете задоволни.

ЉУБОВ: Ситуацијата во љубовта ви е стабилна. Доколку нешто ви пречи слободно кажете му на партнерот.

ЗДРАВЈЕ: Намалете го внесот на кофеин.

Вага (23.09 – 22.10)

РАБОТА: Ова за вас ќе биде многу успешна работна недела, надредените ќе го забележат вашиот труд.

ЉУБОВ: Зафатените ќе уживаат во друштво на партнерот, а слободните ќе добијат шанса за почеток на врска.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

РАБОТА: Одлична недела за работа и промени. Долго време ќе размислувате, но сепак се исплати да ризикувате, доколку моменталната работа повеќе не ви одговара.

ЉУБОВ: Зафатените се во задоволувачка емотивна ситуација, а слободните ќе бидат повикани на состанок.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со штитната жлезда.

Стрелец (22.11 – 21.12)

РАБОТА: Добра работна недела, можно е да добиете задача која доколку ја завршите ќе ве донесе напредување.

ЉУБОВ: Одлична недела за љубов. Слободните ќе флертуваат, а зафатените ќе уживаат со партнерот.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со коските.

Јарец (22.12 – 20.01)

РАБОТА: Вашиот одговорен и сериозен став конечно ќе ви се исплати. Ќе бидете наградени.

ЉУБОВ: Слободните можат да очекуваат ненадејна средба, а зафатените ќе бидат во кавга со партнерот.

ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за исхраната.

Водолија (21.01 – 19.02)

РАБОТА: Лавовите кои се на високи положби ги очекуваат сериозни промени. Останатите ќе имаат вообичаена работна недела.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта ситуацијата не е сјајна, но со голема волја можете да ја поправите. Покажете му на партнерот дека ви значи.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со реума.

Риби (20.02 – 20.03)

РАБОТА: Одлична недела за оние кои имаат приватен бизнис, ќе склучите неколку добри соработки.

ЉУБОВ: Оние кои имаат проблематичен партнер оваа недела ќе бидат постојано во кавги, кај останатите се ќе биде нормално.

ЗДРАВЈЕ: Можен е проблем со притисокот.