Нека не ве лаже сонцето – УХМР најавува промена на времето во текот на денот

ИЗВОРСкопје24
|

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните и северните делови со услови за локален дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер.

Минималните утрински температури ќе бидат до минус шест, а максималните дневни до 17 степени. Во Скопје променливо облачно со температура до 13 степени.

Во продолжение прочитајте и каква е состојбаа на патиштата низ Македонија утринава:

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.