Некогаш беше миленик на жените, а сега изненади со својата трансформација и првата улога по 10 години

ИЗВОРСкопје24
|

Актерот Брендан Фрејзер (53) го играше Рик О’Конел во трилогијата Мумија и имаше главни улоги во бројни комедии и фантастични филмови, вклучувајќи ги Encina Man, George of the Jungle, Bedazzled, Looney Tunes: Back in Action и Journey to the Center of The Earth, но потоа извесен период се повлече од светот на актерството.

Брендан беше миленик на жените, а сега за нова улога, прва по десетгодишна пауза, целосно се трансформираше. Имено, во новиот филм на Дарен Аронофски „The Whale Man“, Брендан глуми човек тежок 270 килограми.

Тој прикажа човек кој се бори со дебелината и се обидува повторно да се поврзе со својата 17-годишна ќерка. Како што е потврдено, премиерата на филмот ќе се одржи на овогодинешниот фестивал во Венеција, а во филмот играат и Сејди Синк од популарната серија „Stranger Things“, Хонг Чау, Саманта Мортон и Тај Симпкинс.