Нема да го препознаете, изгледа како дедо, а се ожени со девојка помлада од неговата ќерка(ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Американскиот актер со шведско потекло Долф Ландген (64) изгледа како дедо. Мускулестиот Швеѓанец кој се стекна со светска слава со улогата на руски боксер во четвртото продолжение на филмот „Роки“ последниве години забрзано старее. Речиси е непрепознатлив со потполно седа проретчена коса иако се труди да остане во форма.

Сепак, тоа што изгледа како дедо не го спречува да планира венчавка со убавица која е 4 децении помлада од него и која би можела да му биде внука.

Свршеницата на Долф, Ема (26) е фитнес тренер и се запознале во 2019 година во теретана. Тие ја открија својата врска една година подоцна кога се појавија држејќи се за рака на филмски фестивал во Доминиканската Република. Тврдела дека не го препознала кога се запознале, а камоли да знаела дека е познат актер.

Иако би можела да му биде внука и е помлада од неговата ќерка, Долф е убеден во нивната љубов и наскоро ја запроси Ема со луксузен розов дијамантски прстен. Парот неколку пати ја одложуваше венчавката поради здравствената ситуација, а судејќи по фотографиите кои се појавија во американските медиуми, на славниот актер му е се потешко да го следи темпото на својата млада свршеница.