Невидена снимка: Тоше на 16 годишна возрас со група „903“ ја изведува песната „Марија“ (ВИДЕО)

|

Доколку беше жив нашиот Тоше, 25 јануари годинава ќе наполнеше 41 и веројатно веќе ќе имаше светска слава. Тодор Проески, или едноставно нашиот ангел и нашата музичка икона, во својата кратка но богата кариера остави 7 студиски албуми, а по неговото заминување објавени се уште три албуми. Сепак како што објавија неговите најблиски снимени песни има уште.

Но, иако него го нема меѓу нас, неговите песни, хуманост и дела живеат и денеска.

Тоше пееше се, поп, рок, опери, но го негуваше и фолклорот, особено оној изворниот, македонскиот, го сакаше колку и музиката која ја пееше за младите генерации во епохата во која живееше.

Впрочем, не случајно се реши да го снима албумот „Божилак“ на кој ги испеа и им даде свое видување, сопствен печат на некои од најубавите македонски фолк бисери… Од: Јовано, Јованке, Калеш Анѓа, Море сокол пие, Не си го продавај Кољо чифликот, преку: Си заљубив едно моме, Учи ме мајко, карај ме, па се’ до: Со маки сум се родил, Зајди, зајди јасно сонце, Мајка на Марика думаше и тоа се со цел овие прекрасни изворни македонски песни да им ги доближи на младите. Цел која од денешен аспект можеме со сигирност да кажеме дека ја оствари, бидејќи по него тие повторно почнаа да се слушаат не само во Македонија, туку во целиот Балкан.

Токму на неговиот роденден, на 25 јануари годинава за прв пат беше објавена една песна која Тоше ја испеал заедно со групата “903-та” кога имал само 16 години. Талентот несомнен уште од мали нозе, зрелоста за едно дете како на возрасен човек.

Погледнете во продолжение како изгледал и звучел Тоше кога со групата „903“ ја испеал песната „Марија“: