Ниски утрински температури до петок, од сабота нов влажен бран со дожд и снег

Во раните утрински часови утре ќе има слаби локални врнежи, а во текот на денот ќе биде променливо облачно и студено со засилен северен ветер.

Во наредните два дена времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури. Под влијание на нов влажен бран од сабота попладне ќе има повремени врнежи од дожд, кои во недела и понеделник на повисоките места и на планините ќе бидат од снег.

Како што соопшти УХМР, утринската температура утре ќе се движи од минус еден до шест степени, а дневната од три до 11 степени.

Најстудено ќе биде в петок, со утринска температура од минус девет степени. Дневната температура ќе се движи од 10 до 14 степени.

Според моменталните анализи, според Славчо Попоски, зимата својата сила треба да ја покаже после 10ти декември, кога очекуваме врнежи од дожд и снег, сепак поради тоа што се работи за подолгорочна прогноза, шансите за ова да се оствари и не се толку големи поради тоа што сето ова зависи од многу фактори во атмосферата.

Што се однесува пак до новогодишната ноќ, сегашните анализи кажуваат дека мали се шансите за снежна нова година но не значи тоа дека ќе биде баш така затоа што до тогаш имаме уште 30 денови што значи дека промени на оваа прогноза сигурно ќе има, но какви останува да видиме како ќе се одвиваат работите. Инаку зимата пред нас би била просечна во поглед на температурите и врнежите, најврнежлив месец и понатаму останува февруари кога очекуваме и најмногу врнежи (дожд и снег). Но тоа не значи дека и другите зимски месеци нема да имаме врнежи.

Напомена: Со оглед на тоа дека се работи за долгорочна временска анализа, промени на истата и тоа како се можни, овие прогнози на нас ни служат како ориентација и резерва како би се одвивала временската состојба понатаму.

Освен Попоски со своја детална метео прогноза излезе и познатата метео апликација Accuweather за наредната 2019 година.