Ноќва е магична: Погледнете во небото и замислете си желба

|

Се вели дека кога ќе видите ѕвезда како паѓа треба да си замислите желба, но ноќва не една туку ќе има дожд од ѕвезди што паѓаат, па затоа никако не заборавајте да погледнете во небото и задолжително посакајте си желба!

Ноќта нè очекува првиот дожд од метеори, односно ѕвезди кои паѓаат во 2022 година. Станува збор за квадрант метеорски рој кој е активен од 28 декември до 12 јануари, но нивниот врв ќе биде токму денеска.

Во текот на претходните денови небото беше прекриено со новогодишен огномет кој најизразен беше ноќта на 31 декември, а сега нè очекува и мал природен огномет од ѕвезди кои паѓаат. Најдобро време за набљудување е од 21 часот до 04:30 часот, а на секој час е можно да се видат околу 10 метеори.

Дождот од ѕвезди кои паѓаат најдобро ќе го видите ако одите во природа, некаде надвор од градските светла и загадувањето, каде небо е ведро и полесно ќе може да ги видите ѕвезди кои паѓаат. Доколку одите заедно со вашиот партнер, ова може да биде едно од најромантичните состаноци на кои сте присуствувале.

Ветрот кој деновиве се чувствува во воздухот можеби ќе ги растера облаците и многу лесно ќе ги забележите ѕвездите кои паѓаат дури и во нашиот главен град.

Секоја ѕвезда што паѓа е желба, затоа не заборавајте да ја замислите кога ќе ја видите светлината како се шири низ небото. Желбата треба да биде позитивна, искрена и од срце, а се верува дека никому не треба да ја откривате за да ви се оствари.

Не се ограничувајте на желбите, бидејќи никогаш не е доцна за нов сон. Сè што сакате е навистина можно, само ако навистина верувате во тоа. Наместо своја, можете да си посакате желба за драга личност, нека биде еден од вашите празнични подароци.